Црна Гора ќе ја гради првата НАТО-касарна – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/19 10:13 AM

Црна Гора ќе ја гради првата НАТО-касарна

На територијата на општината Андриевица наскоро треба да почне изградбата на првата касарна на Алијансата во Црна Гора. Парцелата за воениот објект, за кого ќе се потрошат 15 милиони евра, ќе ја отстапи црногорската влада без никаков надоместок.

– Врховниот совет за одбрана одлучи во Андриевица да се формира организациска единица на Војската на Црна Гора. Се работи за елитна пешадиска единица која мора да ги задоволи НАТО-стандардите – вели министерот за одбрана, Предраг Бошковиќ.

Единицата мора да се формира до 2020 година.