Холандија изгласа укинување на слободното движење за Албанците во Шенген – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 6:42 PM

Холандија изгласа укинување на слободното движење за Албанците во Шенген

Предлогот го подготви група од четворица пратеници во холандскиот парламент со предлог за суспендирање на слободното движење на Албанците во Шенген зоната. На 11-ти април холандскиот парламент дебатираше за предлогот. Сега Парламентот бара од холандската влада да го предложи на Европската комисија, како почеток на таканаречената “стоп процедура”, со која ќе се прекине слободното движење за Албанците во Шенген зоната.

Предлогот беше поднесен од страна на пратеникот на Христијанско-демократската влада, Медлин ван Торенбург со уште тројца колеги. Нивниот аргумент е дека бројот на криминалци со потекло од Албанија се зголемил поради злоупотреба со Шенген визата.

Ова не е првпат холандските политичари да преземат слични иницијативи против Албанците. Минатата година имаше обид да се стави вето на преговорите за пристап на Албанија во ЕУ. И тоа беше од холандските политичари, а во 2013 година, се обидоа да стават вето на кандидатскиот статус на Албанија во ЕУ.