Почина Џорџија Енџел, ѕвездата од „Сите го сакаат Рејмонд“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 5:11 PM

Почина Џорџија Енџел, ѕвездата од „Сите го сакаат Рејмонд“

Актерката Џорџија Енџел,  која се прослави со улогите во сериите Everybody Loves Raymond  и The Mary Tyler Moore Show починала денеска во својот дом во Принстон, Њу Џерси.

Информацијата ја потврдил и нејзиниот соработник, Џин Гилти, но причината за смртта се’ уште официјално не се знае.

освен што била глумица, Ејнџел била и припадничка на сектата „Chistian Scientist” – „Христијанска наука“, поради што не одела на лекар бидејќи сметала дека болестите се лекуваат со вера и молитва.

„Знам дека светот ќе остане тажен. Погоди многу луѓе“, изјавила агентката на починатата глумица, Жаклин Стандер.