„СДСМ се уплашени. Заев и Пендаровски знаат дека губат, соочени со неминовниот изборен пораз ја покажаа целата своја нервоза. Вчера во доцните вечерни часови е обиен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци“ реагираа денеска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од овој град.
„Насилниците причиниле материјална штета и изнеле партиска документација. Тоа сосема јасно укажува на мотивите на сторителот, чија цел биле партиските информации. Заев, Пендаровски и Спасовски се прочитани од граѓаните. Ниту еден обид за заплашување не поминува. ВМРО-ДПМНЕ уредно го пријави случајот во МВР и екипи на полицијата извршија увид. Ова е трет вандалски чин врз имотот на партијата во градот за период од 7 месеци. За претходните два нема завршница, истото го очекуваме и за овој“, рече Филип Тасев, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

Тој смета дека сторителите биле охрабрени од власта, но одговорност ќе имало со, како што рече, доаѓањето на правната држава и владеењето на правото.
Ангел Данов


