Драматични снимки од гаснењето на пожарот во Нотр Дам: Еден пожарникар е повреден (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 12:13 PM

Драматични снимки од гаснењето на пожарот во Нотр Дам: Еден пожарникар е повреден (Видео)

Фото: Le Républicain

Париските пожарникари објавија драматично видео од нивната борба со пламените јазици кои вчера ја зафатија катедралата Нотр Дам. По шеснаесет часа тие конечно успеаја да го изгасат пожарот, чија големина се гледа на видеото кое тие го објавија.

Пожарот кој веќе е целосно изгаснат, беше ставен под контрола околу три часот утринава. Во борбата со огнената стихија учествувале околу 400 пожарникари, а податоците говорат дека еден од нив е тешко повреден.

Нотр Дам е еден од најдобрите примероци на француската готска катедрална архитектура,  а претседателот Емануел Макрон вети нејзина целосна обнова. Тој најави дека ќе почнат со меѓународна кампања со цел да соберат доволно средства за реставрирање.

Причината за пожарот и понатаму останува непозната.