„Фолксваген“ нема да се произведува во Србија, Бугарија главен фаворит, заинтересирано и Косово? – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 9:40 AM

„Фолксваген“ нема да се произведува во Србија, Бугарија главен фаворит, заинтересирано и Косово?

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ го скратил изборот на земји во која ќе отвора нова фабрика. Како што јавуваат некои медиуми, повикувајќи се на агенцијата ДПА, во конкуренција останале уште Бгарија и Турција, што значи дека често споменуваната Србија веќе не е во конкуренција.

Првично, во игра, освен Србија, беа и Бугарија, Романија и Турција, се спомнуваше и Македонија, а сега фаворит изгледа е Бугарија. Неа наводно ја посетил и германскиот претседател Штајнмаер, при што бил и на две потенцијални локации.

Во меѓувреме, и косовската влада упатила повик до „Фолксваген“ новата фабрика да се гради во Косово.