За да заработи цела плата, просечниот работник во Турција мора да работи по 49,1 часа неделно. На второ место по должината на работната седмица во Европа е Исланд (44,4 часа), вредните Црногорци се трети (43,6), а во Македонија просечно се работат по 42,3 часа, покажуваат резултатите на Евростат за 2017 година.
Од другите земји во регионот, Хрватите неделно работат по 40,4 часа, а Словенците по 40,9. Просечната работна недела во земјите-членки на ЕУ е 40,2 часа. Најдолга е во Велика Британија – 42,1, а најкратка во Данска – 37,8 часа.
Чисто заради уште една споредба – месечната плата на просечниот Турчин, кој има најдолга работна седмица, е девет пати пониска од платата на просечниот Данец, а за еден работен час Данецот заработува 11,5 пати повеќе од Турчинот.


