Животот и мистериозната смрт на Даворјанка Пауновиќ, која Јосип Броз Тито ја обожувал, многу влијаеле и на нејзината внука од тетка, Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ и некогашната лидерка на српската левица, која вчера почина во Москва.
Даворјанка Пауновиќ – Зденка, учесничка во НОВ и секретарка на Маршалот, била, како што сметаат многумина, неговата најголема љубов. Даворјанка официјално починала од туберкулоза, но се зборува дека фатална за неа била нејзината романса со Тито. Нему челниците на тајните служби веќе за сопруга му ја имале определено Јованка, пишуваат српски медиуми.


