Уште една ракометна драма со Исланд, овој пат заврши со реми – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/19 6:07 AM

Уште една ракометна драма со Исланд, овој пат заврши со реми

По победата со еден гол разлика во Исланд, македонската ракометна репрезентација синоќа во Скопје одигра нерешено со „рибарите“ – 24-24 (10-11) во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Македонија со трите бода освоени против Исланѓаните е на добар плат да се пласира на ЕП. Со победа на последните два натпревара во групата што се играат во јуни (против Турција на гости и со Грција дома) нашите ракометари би завршиле и како први во групата.

И синоќешниот натпревар во полната сала „Борис Трајковски“ беше драматичен до последната секунда. Екипите се менуваа во водство. Најчесто се играше гол за гол. Нашите, особено во нападот, играа послабо отколку во Исланд. Сепак, повторно имавме шанса да ги победиме квалитетните Исланѓани. Во финишот почесто го имавме водството, го имавме и последниот напад за победа, но останаа само три секунди.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Кире Лазаров со осум гола, Кузмновски и Талески постигнаа по четири. Добро бранеше Борко Ристовски.