Со што го налути Еквадор основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж? – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/19 3:24 PM

Со што го налути Еквадор основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж?

Апсењето на познатиот новинар и основач на Викиликс, Џулијан Асанж не беше неочекувано . Всушност, сите го очекуваа тоа порано или подоцна, бидејќи односите меѓу домаќините на Еквадор и нивниот гостин Асанж не беа особено добри. Тој презеде неколку случаи против нив, а тие … го предадоа на полицијата.

Сигурно се прашувате со што го налутил Асанж Еквадор? Причината не е една.
Џулијан постојано ги обвинуваше своите домаќини дека ги кршат човековите права. Прво, поведе дело поради строгите правила кои амбасадата му ги наметнува, за почист и мирен живот во зградата. Се разбира, судијата го отфрлил неговото барање. Новинарот исто така беше незадоволен и од тоа, дека нема пристап до интернет и телефон.

Иако амбасадата на Еквадор на Асанж учтиво го замолила да не зазема страна во деликатното прашање меѓу Каталонија и Шпанија, за да не го нарушува односот на Еквадор со другите земји, новинарот не успеал да си го држи јазикот за забите. Тој гласно зборуваше за поддршка на Каталонците.

Подоцна во „војната“ домаќин и гостин, се нашло и најголемото оружје на Асанж, Викиликс.
На вебстраницата се појавиле документи, меилови и соопштенија од приватниот живот  на претседателот на Еквадор, Ленин Морено, кој подоцна беше обвинет за корупција.

И со тоа „ударите“ врз Еквадор не запреле. Откако сите се запрашаа дали сликите и информациите поврзани со Морено се вистински или лажни вести, “Викиликс” на прес-конференција изјави дека пронашле докази кои покажуваат дека Асанж е следен од луѓе внатре во амбасадата, дека му се правени тајни аудио и видео снимки.

Ако и со тоа не прелила чашата на вработените во амбасадата на Еквадор, тогаш навиките на 7 години затворениот Асанж можеби исто помогнале. Новинарите укажуваат на начинот на кој се забавувал основачот на Викиликс во амбасадата.  Како возел скутер низ ходниците на зградата и играл фудбал, ги навредувал вработените и сликал по ѕидовите. Тој одбил да ги мие садовите, оставајќи го и многу често шпоретот вклучен.

Вработените во амбасадата се плашеле дека тој поставил камери кои ќе ги следат, но тие и така не можеле да работат нормално бидејќи ечела музика низ целата зграда.
Сега Асанж е во најдобаро  обезбедуваниот затвор во Лондон – Белмарш.