Силјановска за кампања потрошила 167.400 евра – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 6:23 PM

Силјановска за кампања потрошила 167.400 евра

Извештајот на кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова доцна попладнето е објавен на сајтот на Државната изборна комисија. Во текот на денот беше соопштено дека не е доставен, но дека може да пристигне по пошта. Според овој извештај, Силјановска Давкова во првите десет дена од кампањата потрошила над 10 милиони денари, а собрала 12,5 милиони од донации. При тоа, донирале 248 физички лица и само два деловни субјекта и тоа адвокат Надица Димитрова со прилог од 90.000 денари, а ДООЕЛ „Сончев зрак“ –  80.000 денари. Од донациите највисоки се прилозите од 180.000 денари, а меѓу лицата кои дале најголеми донации се потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, портпаролот Димче Арсовски, пратеничката Ане Лашоска, по 150.000 Антонио Милошоски, 100.000 донирал Коце Трајановски.Најголема ставка во кампањата на Силјановска се телевизиските реклами, при што најмногу пари се одвоени за пропаганда на Сител – близу 5,8 милиони денари, за Канал 5 над 3 милиони, следат ТВ 24 со 1,4 милиони и Телма со 1,2 милиони. Од локaлните телевизии 1,1 милион од медиската кампања кандидатот на ВМРО ДПМНЕ одвоил за битолската ТВ Тера и над 650.000 денари за штипската ТВ Стар.