Парламентарното собрание на ОБСЕ ќе распореди близу 50 набљудувачи, вклучувајќи и 31 парламентарци, следната недела во Македонија за претседателските избори на 21-ви април. Претседавачот на ОБСЕ го назначи францускиот парламентарец Серејн Мауборн за специјален координатор за раководење со краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ. Австрискиот парламентарец Реинхолд Лопатка ќе ја предводи делегацијата на набљудувачи на ОБСЕ.
-Овие избори претставуваат можност за гласачите да дадат насоки за она што го гледаат како идни и долгорочни цели на Северна Македонија”, рече Мауборн. “Се надевам дека ќе има конструктивна кампања, во согласност со меѓународните стандарди”.
Лопатка рече дека Македонија има можност со овие избори да демонстрираат јасна посветеност на демократските процеси.
-Очекувам властите и изборните кандидати да ја искористат оваа можност и да обезбедат добро спроведени избори кои ги исполнуваат меѓународните очекувања, кажа Лопатка.
Мауборн е шеф на француската делегација во ПС на ОБСЕ, а Лопатка е заменик-шеф на австриската делегација. Тие ќе го доставуваат пост-изборен извештај со прелиминарни наоди и заклучоци на прес-конференцијата во Скопје на 22 април, ден по изборите.
За претседателските избори на 21 април, ПС на ОБСЕ тесно ќе соработува со набљудувачите од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права и Парламентарното собрание на Советот на Европа.Ова ќе бидат деветти избори што Парламентарното Собрание на ОБСЕ следи во земјата од 1994 година.


