Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е уапсен за да биде екстрадиран во САД, соопшти Викиликс. Велика Британија веќе склучила договор за негова екстрадиција и на база на овој документ ќе биде предаден на американските власти. Претходно Еквадор го повлече азилот за Асанж, кој шест години живееше во еквадорската амбасада во Лондон, поради „кршење на меѓународното право“. Американците го бараат Асанж за објавување на доверливи владини документи во врска со корупциски скандал.
При апсењето и неговото изнесување од амбасадата, Асанж извикуваше „Велика Британија мора да се спротистави“! Испорачувањето на Асанж, според Викиликс е прашање на „часови или денови“, соопшти Викиликс .
Основачот на Викиликс е “уапсен на централната полициска станица во Лондон, каде што ќе остане се додека не се изведе пред Судот во Вестминстер “, истакна полицијата официјалното соопштение. За делото за кое се бара, Асанж може да добие долгогодишен затвор.


