Со јавно приватно партнерство намелни трошоци за родителите и инвестирање во подобар стручен кадар – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 2:14 PM

Со јавно приватно партнерство намелни трошоци за родителите и инвестирање во подобар стручен кадар

Намалени трошоци на родителите чии деца имаат потреба од кардиохирушка операција во странство, инвестирање во подобар стручен кадар како и обезбедени финсиски средства од Фондот за здравствено осигурување се придобивките од новиот модел на јавно приватно партнерство во областа на детската кардиохирургија.

„Јавното и приватното здравство се делеа како да се конкуренција, после толку многу години дојде до здружување на квалитетот и стручноста, и ова е пресврт во медицината кој може да даде веднаш резултати“, изјави доктор Жан Митрев на денешната прес конференција.

„Работејќи вака здружени и во Македонија, оставруваме услови за нови вработувања. Ние во последните две години имаме над 150 вработувања, над 30 нови доктори, континуирано ја зголемуваме можноста за едукација. Сега ќе имаме едукативен тим од Вашингон, следниот месец од Хјустон“, изјави доктор Жан Митрев.

Анкетите покажуваат дека  околку 35% од пацинетите своето лекување го плаќаат од својот џеб. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека на овој начин со јавното приватно партнерство ќе се зголемат можностите на здравствените услуги за пациентите.

„Спроведувајќи ја експертизата, морам да напоменам дека Фондот целосно ги покрива  трошоците за нивното лекување, тоа се истите суми. Правиме огромна заштеда затоа што со  услугите на експертите од другите земји повеќе не ги плаќаме. Искрено верувам дека овој модел и натаму ќе се надградува во смисла на достапност и нудење на услуги кои што сега не се нудат“, вели Филипче.

Средствата обезбедени за кариолошки услуги во Клиничката болница Жан Митрев за новороденчиња и деца до 18 годишна возраст ќе бидат обезбедени од Фондот за здравствено осигурување, однсоно претставува просек на годишниот буџет кој досега се определуваше за Детска кардиохирургија во рамките на Клиниката за детски болести.

„Во периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 од Фондот се исплатени околку вкупно 2 милиони евра за над сто поединечни лекувања во странство на деца до 18 годишна возраст за кардиохирушки интервенции“,  изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Дон Дончев.  Статистиките покажуваат дека од 80 до 120 деца годишно имаат потреба од операција или срцева катетеризација, со што на овој начин преку јавното приватно здравство финасиските средсва предвидени за лекување во странство ќе бидат инвестирани за подобра струка во здрвството.