По пауза од 12 години, Македонија се враќа со медал од едно европско првенство во борење. Попладнево на европскиот шампионат во Романија, Владимир Егоров (-57 кг) беше подобар од Андреј Дуков од Романија со 7-4 и успеа да донесе сениорски медал од ЕП за нашата земја.
Егоров поведе со 2-0, и со предност замина на пауза. Во втората рунда Романецот израмни, па и поведе со 4:2, но Егоров имаше извонредно враќање во мечот со што успеа комплетно да го сврти резултатот во своја полза и со конечни 7-4 да се закити со бронзата.



