Усман Дембеле, фудбалерот на Барселона кој пристигна на „Камп Ноу“ од Борусија Дортмунд, осуден е и мора да плати 10 илјади евра бидејќи ја оставил куќата во хаос откако го напуштил Дортмунд.
Станот бил изнајмен, Дембеле престојувал во него додека настапуваше за Дортмунд, а како што вели сопственикот, куќата била непрепознатлива.
„Куќата беше како канта за отпадоци. Секоја соба беше прекриена со ѓубре. Кога повторно влегов во куќата, бев шокиран“, изјави сопственикот на станот.
„Тоа е куќа на моите родители и затоа сум толку разочаран. Сега ја продавам куќата“, додаде 72-годишниот Герд Вајзенберг.
Вајзенберг првично бараше 21 илјади евра поради доцнењето со плаќањето и штетата на куќата, но по постигнатиот договор со играчот на Барселона, тој износ беше намален на 10 илјади евра.
„Целото ВЦ беше во ужасна состојба, а водоинсталатерот пронајде камен во ВЦ школката, кој мораше да биде отстранет со рака.
Имаше ѓубре насекаде. Во фрижидерот имаше расипана храна, во шкафовите, како и бројни стари пластични ќесички на подот, зад влезните врати имаше еден куп неплатени сметки“, изјави разочараниот Вајзенберг.


