Република Српска како самостојна држава на СП во средношколски фудбал во Белград – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/19 10:11 AM

Република Српска како самостојна држава на СП во средношколски фудбал во Белград

Во средината на овој месец во Белград ќе се одржи Светското првенство во фудбал за средношколци. Иако се работи за првенство на кое треба да настапат држави, ентитетот Република Српска, како што најавуваат организаторите на овој настан, ќе настапи како самостојна држава, пишуваат босански медиуми, најчесто додавајќи во насловите – „скандал“, „скандалозно“…

Жељко Танасовиќ, поранешен одбојкар и претседател на Сојузот за училиштен спорт на Србија, најавил дека Република Српска ќе биде и домаќин на едно слично светско првенство.

– Со оглед дека сум во Светската организација, успеав да се изборам овде да учествуваат и деца од Република Српска. Со гордост ќе кажам и дека следната година Република Српска ќе биде и домаќин на СП за средношколци, но во одбојка – изјавил Танасковиќ.