Седницата на иранскиот парламнет почна со повици „Смрт за Америка“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/19 9:11 AM

Седницата на иранскиот парламнет почна со повици „Смрт за Америка“

По одлуката на САД иранската Револуционерна гарда да ја прогласи за странска терористичка организација, пратениците во иранскиот парламент денешната седница ја почнале со извици „Смрт за Америка“.

Многу пратеници беа облечени во униформи на Револуционерната гарда за да и’ дадат поддршка на таа вооружена формација, пренесува агенцијата „Фарс“.

Претседателот на парламентот, Али Ларијани, ја осудил одлуката на САД, нарекувајќи ја „врв на глупоста и незнаењето“.