Со пиво и шеќер против кашлица – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/19 4:20 PM

Со пиво и шеќер против кашлица

Овој рецепт е идеален за периодот кога владеат настинките и вирусите, а посебно е корисен ако патите од сува кашлица.

Брзо делува, ефикасен е и погоден за сите возрасти, па дури и за деца.

Потребни состојки:

  • 150g шеќер
  • ½ литар пиво

Подготовка:

Во длабок сад ставете го шеќерот да се стопи додека не добие карамела боја. Тргнете од оган и ставете го пивото.

Очекувајте да почне да пени, па затоа внимавајте да не искапе. Вратете на оган и постојано мешајте додека не добиете еднолична течност.

Густината треба да биде нешто поретка од мед, а за тоа се потребни околу 15 до 20 минути.

Тогаш тргнете од оган и претурете во мал сад. Кога ќе се олади ќе добие густина на мед.

Консумирање:

Возрасните може да земаат по 1 лажица неколку пати на ден, а малите дечиња по 1 кафена лажичка.

Секогаш можете да ја зголемите количината, пропорционално, но најдобро е лекот да биде тазе подготвен.