Новиот селектор на машката ракометна селекција Данило Брестовац, денес за првпат ја имаше првата прозивка на националниот тим во пресрет на дуелите со Исланд.
Брестовац на денешниот собир ги немаше крилата Дејан Манасков кој ќе дојде директно во Исланд, како и Гоце Георгиевски кој во Скопје ќе слета подоцна.
Првиот дуел од двомечот со Исланд во рамки на квалификациите за ЕП во Австрија, Норвешка, Шведска во 2020 година го играме во среда во Рејкјавик, додека вториот во Скопје в недела.


