Најголемите музички хитови од седумдесеттите, осумдесеттите и деведесеттите години повторно ќе прозвучат! Скопје вечерва ќе пулсира во ритамот на диско музиката, што ја одбележала младоста на повеќе генерации. Во Вип Арената „Борис Трајковски“ во 21 часот почнува манифестацијата „Forever young“, која ја организирана менаџерот Милорад Цаиќ – Цајо. Со овој настан ќе се одбележат педесет години од диско сцената во земјава, односно од отворањето на првата дискотека во скопје „Технометал“ во 1969 година.
За вечерашната забава ќе се погрижат диџеите: Вера Јанковиќ, Баџо, Цена, Ерик Фокс, Струја, Бабура Јуниор и диџеј Дајнамајт. Гости ќе бидат и многу познати музички имиња, а ќе има и други изненадувања – најавува Цајо.
Во пресрет на Forever young, шест диџеи добија плакети, бидејќи како што вели организаторот, овозможиле младите да бидат во тек со тоа што некогаш се случувало на светската музичка сцена.
Повеќе детали околу овој настан, организаторот откри во една од емисиите на Канал 77. Разговорот може да го погледнете на следните линкови:


