Од вчера во Скопје се роднините на загинатите во авионската несреќа на Јакупица, во која загина бугарско семејство. Телата не можеа да се идентификуваат поради тоа што целосно биле изгорени. Со ДНК анализата треба да се потврди идентитетот на сопружниците Георги и Калина Бошнакови и нивните ќерки Билјана и Гергана. Се очекува постпаката да трае неколку дена, по која ќе бидат прогласени за мртви и нивните тела ќе бидат пренесени во Бугарија, соопшти министерот за внатреши работи на Бугарија, Младен Маринов.
-Неможно е распознавањето по надворешни белези, организиравме блиски роднини по прва линија да им биде земен ДНК профил за да се скрати на време, тие отпатуваа во Македонија, за да забрзаат процедурите, рече министерот Маринов.
Според првичните наоди од истрагата, огнот избил откако паднал авионот, кој во допир со тлото се распарчил и моторот се запалил. При тоа, огнот ги поплосал телата на загинатите. До вчера поради лошиот терен, остатоците од авионот не беа транспортирани од Солунска глава, местото каде се случи катастрофата.
Бугарската телевизија бТВ ја пренесува комуникацијата на пилотот со контролата на лестање на скопскиот аеродром каде контролорот кажува дека може да се лета над Солунска глава.
Комисијата за истрага на оваа несреќа сочинета со 20 истражители, вчера во Скопје соопшти дека првите резултати од истрагата може да се очекуваат најрано за еден месец. И покрај тоа што несреќата се случи во Македонија и според меѓународните закони, истрагата ја води земјата во која се случила, Бугарија ќе води паралелна истрага. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Маринов, кој како што рече се работи за бугарски државјани кои доживеале несреќа во странска држава.
-Има истрага и во Бугарија, а материјалите ќе дојдат директно од истражителите од Македонија, рече Маринов.
Пилотот Георги Бошнаков, е аматер пилот, но имал 350 часа летање. Препоставка е дека бил изненаден од лошото време.


