На градскиот плоштад во Гостивар се одржа хуманитарен хепенинг за деца под мотото Насмевни се – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/19 6:32 PM

На градскиот плоштад во Гостивар се одржа хуманитарен хепенинг за деца под мотото Насмевни се

На хепенингот имаше најразлични активности од дружење до играње на најразлични игри, цртање и слично. Од ваквите хуманитарни хепенинзи ќе се собираат донации со цел да им се помогне на тие на кои им е најпотребно Настанот го организираа млади волонтери на гостиварскиот Црвен Крст, во рамки на Програмата за промоција на хумани вредности.

Вакви настани ќе продолжат и во наредниот период, а целта на програмата за промоција на хумани вредности е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранција и култура на дијалог.

Зоран Димовски