Во Црна Гора 30 починати од грип оваа сезона – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/19 11:47 AM

Во Црна Гора 30 починати од грип оваа сезона

Двајца пациенти, мажи на 47 и 67 години, починаа изминатиот викенд од компликации од вирусот на грип, со што бројот на жртви во оваа сезона се искачи на 30, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора.

Институтот, исто така, наведува дека еден од починатите пациенти не бил вакциниран против грип, додека другиот не знаел дали добил сезонска вакцина. Епидемиолозите на Институтот исто така известуваат дека е регистрирано намалување на бројот на пациенти во сите возрасни групи.

Најголем број на луѓе со заболени од грип се регистрирани на возраст од 20 до 64 години, пишуваат црногорските медиуми.

Вкупниот број на лабораториски потврдени случаи на грип од почетокот на сезоната е 492. 491 случај на инфекција со вирус на инфлуенца тип А и еден инфлуенца тип Б, стои во извештајот на Институтот на Црна Гора.