Бугарската Патрихаршија не прифаќа заедничка служба со Папата – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/19 7:26 PM

Бугарската Патрихаршија не прифаќа заедничка служба со Папата

Бугарскиот патријарх Неофит заедно со членовите на Светиот Синод се подготвени да го примат Папата Френсис на 5 мај 2019 година, како што е предвидено во нацрт-програмата за неговата посета.

Од Светиот синод истакнуваат дека посетата е организирана од световните власти, па затоа е редно главните настани поврзани со посетата, да бидат усогласени со државните институции.

Со љубезност, но и со цврстина, бугарските православни свештеници велат дека е можно папата да влезе во патријаршиската катедрала “Св. Александар Невски”, но е неприфатливо каква и да е форма на богослужба. Причината  е што Светите канони не дозволуваат заедничка молитва меѓу католиците и православните.