(АУДИО)Последната комуникација на пилотот од урнатиот авион – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/19 7:19 PM

(АУДИО)Последната комуникација на пилотот од урнатиот авион

До последен час ја одржувал врската пилотот на урнатиот авион „Цесна“  со Контролата за летање во Скопје.

-Делта-Индија-Браво, во турбуленција ли сте: прашува контролорот од Скопје и добива одговор од пилотот дека е веќе над облацитe и има визуелен контакт со  земјата.

-Се обидуваме за заобиколиме еден голем облак, вели пилотот.

Контролорот заедно со негов колега му помагаат на пилотот и комуникацијата од англиски поминува на македонски јазик. Контролорите препорачуваат дека авионот може да прелета директно над Солунска Глава. Потоа се губи врската со авионот.

Целосната комуникација е он лајн платформата  а може да ја слушнете и во прикачениот аудио фајл.

Во авионската несреќа на Солунска Глава загина четиричлено семејство од Бугарија.