Македонската химна ниту била ниту е спорна или предмет на преговори. Таа досега била интонирана во повеќе прилики во присуство на официјални претставници од грчка страна и натаму ќе биде интонирана согласно протоколите. Македонската химна е признаена од целиот свет – велат од СДСМ по реакциите на неинтонирањето на химната при посетата на Ципрас.
Како што јавно соопшти Владата, поради доцнењето на слетувањето на авионот, а со цел да се исполнат сите активности од агендата, биле изоставени сите протоколарни свечени активности при дочекот, вклучително гарда, цвеќиња, воени почести, интонирање на химната и слично – смета владеачката партија, според која реакциите од опозицијата се обид за да се уназади државата.


