Пратеничката во црногорскиот парламент Драгиња Вуксановиќ – Станковиќ го ставила својот потпис на Спогодбата за иднина, со која се бара оставка и од нејзиниот сопруг – државниот врховен тужител, Ивица Станковиќ.
– Тоа е резултат на мојата политичка принципиелност на која и’ останувам доследна. Мене на изборите ме избраа граѓаните, а не врховниот државен обвинител. Затоа, за својата политичка работа на позицијата пратеник им одговарам само на граѓаните – изјавила за подгорички „Вијести“ пратеничката, која со потегот одушевила многумина.


