Ердоган прогласи победа, Анкара ја доби опозицијата, се’ уште неизвесно за Истанбул – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/19 9:39 AM

Ердоган прогласи победа, Анкара ја доби опозицијата, се’ уште неизвесно за Истанбул

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, прогласи победа на локалните избори на неговата Партија на правдата и развојот (АКП), но таа првпат по 25 години загуби во главниот град Анкара. Се’ уште е неизвесно кој победил во најголемиот турски град, Истанбул, а стигнуваат информации дека опозицијата прогласила победа и во Иамир, по Истанбул и Анкара, третиот најголем град во државата.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека изгледа Ердоган ќе мора да признае пораз во Истанбул.