Штип:Од утре нов сообраќаен режим во центарот на градот – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/19 5:43 PM

Штип:Од утре нов сообраќаен режим во центарот на градот

Се менува сообраќајниот режим во центарот на Штип.Новото сообраќајно решение следува по реакција на жителите од левата страна на реката Отиња зошто според нив за да стигнат до дома мора да вртат половина град.

Поради тоа од утре на ,,Каменит мост“на река Oтиња,ќе се влегува од правец на училиштето Ванчо Прке и ќе се излегува на улицата ,,Маршал Тито“.Во исто време на мостот кај Гимназијата ќе се влегува од улицата ,,Маршал Тито“ а ќе се излегува на улицата ,,Васил Главинов“.

Станува збор за старото сообраќајно решение кое што е сменето поради, не се знае кои причини.

„ Вака како што е сега, за да дојдат дома граѓаните мора да кружат дури до мостот кај црквата или за да излезат, мораа да одат до мостот кај Стопанска банка“, образложи Сашко Протогеров, дир. на ЈП “Стипион“ – Штип.

Примената на новиот сообраќаен режим на овие два моста почнува од утре.