Компанијата „Фејсбук“ соопштила дека отстраниле повеќе лажни налози од Косово, Северна Македонија, Иран и од Русија. Се работи за налози за кои е наведено дека се „координирано неавтентично однсесување“.
Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека компанијата објавила оти се отстранети вкупно 2.632 страници, групи и налози од „Фејсбук“ и „Инстаграм“ поради операции поврзани со тие земји.


