Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло не ја смета Барселона за фаворит во Лигата на шампионите оваа сезона.
Според него, Јувентус е апсолутен кандидат број 1, а најголем ривал му е Манчестер Сити со кого може да игра во полуфиналето.
„Јувентус одигра совршен натпревар против Атлетико Mадрид. Големите клубови се подготвуваат до најситен детаљ и поради тоа можат на тој начин да одговорат по пораз. Јувентус е посилен од Барселона и мислам дека само Манчестер Сити му е достоен ривал“, изјави Пирло.
Според шемата, Барселона ако го помине Манчестер Јунајтед може да игра со Порто или Ливерпул, а Јувентус со триумф над Ајакс би се сретнал со Сити или Тотенхем.


