Мурињо не го тангира Зидан: Уште не ми е рамен! – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/19 4:34 PM

Мурињо не го тангира Зидан: Уште не ми е рамен!

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо не смета дека Зинедин Зидан може да се споредува со него кога станува збор за тренерската работа иако Французинот веќе има три титули во Лигата на шампионите, а тој две.

„Не мислам дека тој ми е рамен иако за кратко време тој направи многу големи работи и освои голем број трофеи. Верувам дека тој е најдобар избор за клубот“, изјави Мурињо.

Португалецот е еден од најтрофејните во историјата на фудбалот, има 25 титули во повеќе земји, но неговата работа трае веќе две децении. Зидан, од друга страна, има 9 трофеи, освоено за само 2,5 години на клупата на Реал.