Вистинска драма се одвивала вчера на ,,Радански пат во Штип.Во потрага на возилото и возачот кој што претходно повредил полицаец,службените лица при интервенцијата биле нападнати од две лица меѓу нив и бараниот возач ,па во целата таа гужва бил испукан и еден куршум во воздух.
Според информациите од СВР Штип,во текот на вчерашниот ден во 12.15 часот на ул„Маршал Тито “ пред Трговски центар додека полициски службеници вршеле контрола на патничко моторно возило, на возачот Т.А. од Штип му била побарана возачката дозвола.Тој во истиот момент го стартувал возилото повредувајќи при тоа еден полициски службеник во пределот на ногата, по што го напуштил местото на настанот.
Веднаш биле преземени мерки за пронаоѓање на возачот и возилото, кое што било лоцирано на ул.Радански пат во Штип.
Пред службеното возило застанало патничко возило БМВ со штипски регистарски таблици кое удрило во службеното возило. Од возилото БМВ излегле две лица, од кои едното бил возачот кој претходно го повредил полицаецот по што почнале да удираат по службеното возило и физички нападнале полициски службеник. Притоа се собрала група од повеќе лица, кои се обиделе да спречат преземање на службени дејствија. Од страна на полициски службеник бил испукан еден куршум во воздух од службениот пиштол заради заплашување, при што нема повредени лица. Во разговорот во полициската станица лицето се пожалило дека за време на настанот од страна на полициски службеник бил удрен во пределот на главата.
За настанот известен е известено ОЈО Штип и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди заради преземање на мерки од нивна надлежност.


