Квалификации за ЕП: Македонските фудбалери ремизираа во Словенија – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/19 7:22 AM

Квалификации за ЕП: Македонските фудбалери ремизираа во Словенија

Македонскуте фудбалски репрезентативци се вратија со еден бод (1-1) од синоќешното гостување во Словенија во рамките на второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. На стадионот во Марибор, на чии трибини дојдоа и многу навивачи што ја бодреа нашата репрезентација, репрезентацијата на Словенија поведе во 34. минута со голот на Зајц, а израмни Барди во 47. минута.

По победата над Летонија (3-1) во првото коло во Скопје, Македонија сега има четири бода, два помалку од лидерот во нашата група Полска, која вчера дома ја совлада Летонија со 2-0, а во третиот натпревар од нашата група Израел на домашен терен ја совлада Австрија со 4-2.