Во соработка со полицијата на Шпанија, Велика Британија, Данска, Кипар, Холандија, Латвија и во многу други европски земји Европол ја спроведува најголемата анти-пиратски акција, насочена против пиратските IPTV мрежи. Досега се уапсени најмалку пет лица, за кои постои сомневање дека учествувале во таканаречената IP измама, измама и перење на голема количина пари.
Во текот на изминатите неколку години, корисници ширум Европа имаат пристап до пиратски IPTV и ненамерно биле дел од измама во врска со ” ТВ на барање ” ( tv on demand) услуги. Радиодифузерите и ТВ-станиците се’ повеќе се наоѓаат во ситуација кога нивната програма се емитува преку неовластени услуги, кои не плаќаат за пренос во живо и одложени термини.ж
Европол и полицијата европски земји врши проверки во најмалку 14 земји со истовремена активност на целиот континент, при што неколку лица се лишени од слобода, по изјавате дадени од неколку десетици луѓе, објави TorrentFreak.
Истрагата започнала во 2016 година, откако правниот тим на Премиер лигата поднесе пријава против најмалку два интернет сајта и компании, кои се занимаваат со нелегална продажба на IPTV уреди за стриминг и преземање на една од најпопуларните спортски лиги во светот. Во Шпанија, беа откриени најмалку 800 нелегални телевизиски и радио канали, а цените за пренос на нелиценцирана содржина се движи од 40 евра месечно, па дури до 460 евра за цел месечен пакет на канали. Истрагата откри најмалку 20 веб-сајтови, кои емитуваа во живо нелегални преземања или нелиценциранателевизија. Згаснати се повеќе од 66 сервери во цела ЕУ, а се неутрализирани и најмалку 11 “јазли”, од кои се преземале неовластени содржини.
Моделот на пристап до нелегални сајтови е различен во секоја земја, но плаќањето се врши преку сервер „дух” во Гибралтар, а регистрираните корисници доаѓаат од повеќе од 30 земји низ целиот свет. За измама се користат компании, кои, всушност, се занимаваат со емитување на странските канали во Европа, обезбедуваат интернет услуги и онлајн бизниси. Инфраструктурата е претежно од последната генерација и со можност да им служи на голем број корисници.
Уапсените лица се стекнале со имотна корист од најмалку осум милиони евра, а во акцијата се запленети повеќето современи возила, скапи недвижности и деловен простор на бреговите на Малага.
Акцијата продолжува и се објавени нови откритија и можни апсења.


