ВИДЕО од драмтичното откажување на моторот на луксузниот норвешки крузер – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/19 12:27 PM

ВИДЕО од драмтичното откажување на моторот на луксузниот норвешки крузер

Видеото го снимил патник, кој се нашол на палубата, кога му откажал моторот сред невреме на крузерот „Викинг скај“, сопственост на норвешкиот милијардер Торстен Хаген.

Повредени се 18 лица, кои биле евакуирани веднаш, додека повеќе од 900 патници и членови на екипажот сѐ уште се наоѓаат на бродот што се влече кон пристаништето во блискиот град Молде.

Безбедноста на бродот беше доведена во прашање во неделата наутро, во услови на драматична спасувачка операција во која беа извлечени стотици луѓе со хеликоптери.

Спасувачките екипи евакуираа 460 од 1.373 патници и членови на екипажот од бродот, откако почнаа настана проблем со моторот во лоши временски услови од западниот брег на Норвешка во саботата попладне, во областа позната по груби, непредвидливи води.

Норвешката јавна радиодифузија НРК соопшти дека евакуацијата од бродот е бавeн и опасен процес поради силните ветрови и бранови високи и до 8 метри, при што, патниците се подигнуваат еден по еден од бродот до петте расположливи хеликоптери.