Професорка од средното текстилно училиште Ѓоце Стојчевски Амбарче од Тетово обвинува за мобинг – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 7:17 PM

Професорка од средното текстилно училиште Ѓоце Стојчевски Амбарче од Тетово обвинува за мобинг

Професорка од средното текстилно училиште Ѓоце Стојчевски Амбарче од Тетово, обвинува за мобинг од страна на раководството на оваа образовна установа.

Професорката Божана Кировска од средното текстилно училиште Ѓоце Стојчевски Амбарче од Тетово, вели дека раководството ја принудувало да предава на паралелка на Албански наставен јазик иако јазикот не го познавала доволно, а имала и проблеми со здравјето. Ако не прифатела од раководството и рекле дека ќе ја изгуби работната задача библиотекарка, која ја работала со пола работна време, а очекувала да добие решение со цело работно време

Директорката на средното теткстилно училиште Ѓоце Стојчевски Амбарче Севдије Мустафаи ги отфрли сите обвинувања.

-Нема никаков  притисок врз професорката  ниту пак некакви пропусти околу добивањето на решение со пола работно време, и сето ова го утврдиле просветните и трудовите инспектори, рече директорката Мустафаи

Во средното текстилно училиште десет години нема формирано паралелка на Македонски наставен јазик поради немањето интерес за упис на ученици Македонци во ова училиште.

Зоран Димовски