20 % од испитаните селски водоводи во гостиварско се со неисправна вода за пиење – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 7:10 PM

20 % од испитаните селски водоводи во гостиварско се со неисправна вода за пиење

Прашањето за безбедноста на водата секоја година се отвора на денот на водата на 22 март.

Небезбедна вода за пиење освен во гостиварскиот има и во тетовскиот регион. Главните причини за ваквата состојба се недржувањето на селските извори, односно недоволно хлорирање и необезбедени места каде што поминуваат селските извори со вода. Генералната оценка за водата од градската водоводна мрежа во Тетово и Гостивар, е дека ги задоволува стандардите за безбедност.

Фактите зборуваат дека само 1% од водата на целата земјина топка е употреблива за пиење.   2,1 милијарди луѓе немаат пристап до безбедна вода за пиење,  1 од 4 основни училишта користат небезбедни извори за вода, а повеќе од 700 деца под 5 годишна возраст секој ден умираат од дијареа поврзана со небезбедна вода и лоши санитарни услови.

Зоран Димовски