Кон крајот на месецов во Зрењанин треба да почне изградбата на фабрика за гуми на „Линглонг Тире“. Станува збор на досега најголемата кинеска инвестиција во Србија, вредна речиси една милијарда долари. Во Одделението за локален економски развој на Зрењанин велат дека се’ е подготвено да ги пречекаат Кинезите, а во изградбата на фабриката ќе учествувале и српски фирми.
– Неофицијалниот датум за поставување на кемен-темелникот е 30 март. Ја очекуваме потврдата од инвеститорот, кој во Зрењанин годишно ќе произведува по речиси 14 милиони радијални гуми – велат од зрењанинскиот ЛЕР.
Кинези, како што пишуваат белградските медиуми, вчера го презеле и земунски „Икарбус“. Компанијата ЛГНЕ од Кина, која планира проширување на производството и со електровозила, ќе биде доминантен сопственик на 51 отсто од капиталот, државата на 26 отсто, а остатокот ќе биде на малите акционери.


