Вкупниот јавен долг на Црна Гора на крајот на 2018 година изнесувал 3,2 милијрди евра, односно нешто повеќе од 70 отсто од проценетиот БДП.
– Во однос на 2017 година, дојде до зголемување на државниот долг во вкупен износ од 525 милиони евра, што е резултат на зголемувањето на надворешниот долг за 546 милиони евра и на намалувањето на внатрешниот за 21 милион – објаснуваат од Министерството за финансии.
До зголемување на надворешниот долг дошло пред се’ поради задолжувањето кон кинеската ЕКСИМ-банка заради изградба на приоритетни автопатски делници.