Рускоска: Села го има спасено еден од демонстрантите, а не Алими – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 11:07 AM

Рускоска: Села го има спасено еден од демонстрантите, а не Алими

Обвинителката, Вилма Рускоска вчеравечер во студиото на ТВ21 порача дека не е изненадена од одлуката која ја донесе Собранието за неодземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски. Таа рече дека по одлуката за Љупчо Димовски, тоа го очекувала и за Вељаноски. Рускоска додаде дека тоа не ја спречува да се водат постапки против пратеници.

Во однос на Абдулфета Алими кој беше меѓу обвинетите за „крвавиот четврток“, таа рече дека најверојатно ќе поднесе жалба на казната затвор за него,  бидејќи како што додаде, тој бил одговорен на 27 април за вратите на Собранието. Според Рускоска, при насилниот упад во Собранието, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села не бил спасен од Алими туку од еден од демонстрантите.

Алими беше осуден на седум години затвор, а поради незадоволство од таквата казна, неговиот син, Бурим Алими денеска повика на протест во Скопје, бидејќи како што смета, станува збор за случај кој е политички монтиран.