Либерална партија: Одлуката на Уставниот суд за мораториумот во Центар е скандалозна – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 9:42 AM

Либерална партија: Одлуката на Уставниот суд за мораториумот во Центар е скандалозна

И Либералната партија реагираше во однос на одлуката на Уставниот суд за привремено укинување на мораториумот за градење во општина Центар. Од ЛП ја оценијата одлуката како скандалозна. Велат дека се непријатно изненадени, констатирајќи дека дека Уставниот суд постапил спротивно на уставното начело за заштита на човековите слободи и права и на владеење на правото.

Сите стручни анализи докажаа дека плановите не се во согласност со Генералниот урбанистички план и дека не придонесуваат за квалитетен развој, хумани услови за живот, безбедност и здрава животна средина. Граѓаните застанаа зад одлуката за мораториум, која се покажа како вистинска сила во борба против урбаната и политичката мафија. Со мораториумот се докажа дека промени се можни и на општинско ниво и дека општините можат да се развиваат според принципи, а не според интереси на бескруполозни профитери – наведува Либералната партија денеска во соопштението испратено до медиумите

Борбата против бетонирањето на јавниот простор, велат од партијата, е и ќе остане врвен приоритет и мора да продолжи со поголем капацитет и забрзано темпо.