Зошто сега е полесно да се освојат сите четири Гренд слема? Федерер го има одговорот – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 4:22 PM

Зошто сега е полесно да се освојат сите четири Гренд слема? Федерер го има одговорот

Швајцарецот ја објасни разликата меѓу тенисот некогаш и сега.

По триумфот на УС Опен, па потоа на Вимблдон и Австралијан Опен, Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос ќе има прилика по вторпат во кариерата да ги освои сите четири Гренд слем турнири во низа.

Но, најтрофејниот тенисер на денешницата Роџер Федерер смета дека тоа денеска е полесно отколку што било случај пред триесетина и повеќе години.

Во интервју за „Спорт 360“ објасни и зошто мисли така.

„Не е тајна дека во денешно време е далеку полесно да се направи тоа отколку што претходно беше случај. И тука не се работи само за Новак, тоа му помага и на Рафа, на мене, или било кој друг играч. Едноставно, денеска подлогите се значително воедначени.

Претходно имавте исклучително брзи тревни подлоги и мошне бавна земјена подлога, разликата беше неверојатно големо, па беше навистина тешко да се направи она што го направи Борг, кога ги освои Ролан Гарос и Вимблдон во низа.

Играта беше поинаква. Мораше да играш сервис-волеј на трева, денеска тоа не е неопходно за да го освоите Вимблдон“, изјави Федерер.