Преку дигитализирана јавна администрација до поефикасен и професионален јавен сектор – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 12:55 PM

Преку дигитализирана јавна администрација до поефикасен и професионален јавен сектор

Наскоро бирократската шалтерска агонија ќе замине во историјата. Редовите на чекање и губење залудно време ќе се замени со ефикасна дигитализирана јавна администрација, која ќе биде лесно дстапна, а пред се професионална, најави денеска минситерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамајн Манчевски.

70% од анкетираните граѓани услугите се уште сакаат да ги добиваат на шалтерите, а  не по електронски пат, но помладата популација е за брзо и лесно добивање на информациите по електронски пат, вели Неда Малеска Сачмароска од Центарот за управување со промени.

„Од тука ќе биде важно да се стават приоритети во однос на тоа кои услуги треба да се дигитализираат. Истражувањата упатуваат на тоа дека граѓаните најмногу се заинтересирани за здравствените и социјалните услуги и за административните услуги поврзани со правните прашања. И тие се оние кои во каталогот се во најголем број внесени, потоа податоци и информации, услуги од областа на образованието, животната средина, безбедноста на храната, туризмот и итн.“, вели Малеска Сачмароска.

За да биде ова возможно, обезбедена е и законска основа, Владата ги усвои трите закони кои овозможуваат документите од хартија да бидат заменети со електронски документи, со што електронскиот документ ќе има еднаква важност како хартиениот.

„Законот за централен електронски регистер за население, овозможува конечно да имаме еден и единствен електроснки регистер на население. Се воспоставува и едиснтвен начин на водење на поединечните бази на податоци, согласно потребите на другите институции но на основа на стандарди и процедури. Со Законот за електронско управување и електронски услуги, обезбедеуваме ефикасно давање на услуги по електорнски пат повторно врз база на утврдени стандарди и процедури. Законот го дефинира и каталогот на услуги, Националниот портал за електронски услуги кои ќе имаат повеќе функционалности. Каталогот во себе ги содржи сите потребни информации за сите услуги кои што ги нуди јавниот сектор. Последниот закон со кој се дефинира и целосно обезбедува дигитализацијата на услугите е Законот за доверливи документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Обезбедивме и технологија и опрема и законска основа за елкеторнските документи да имаат иста правна и доказна сила како документите од хартија. Се што треба да направат граѓаните е еднаш и единствен пат е да се регистрираат во системот, тоа ќе може д аго прават сами без да одат никаде, доколку поседуваат валиден електронски сертификат или  еднаш и само еднаш во животот појавувајќи се на еден  од шалтерите кои ќе бидат овластени за регистрација во системот“, појасни Манчевски.

Каталогот на услуги е алатка во која се внесуваат основните податоци за било која услуга, кои се условите, потребните докази, кој е надлежен орган за давање на услугата, колку и како се плаќаат надоместоци, административни такси, рокови сите информации за некоја услуга. Досега се внесени подтаоци за над 900 услуги од 192 закони. Овие податоци од каталогот ќе бидат објавени на националниот портал за електорнски услуги и пред да бидат објавени  мора да бидат верифукувани од надлежната институција.

Тој додаде дека законите се во собраниска процедура и ќе бидат усвоени до крајот на овој месец. Што се однесува до националниот портал, министерот вели дека веќе е изработен и негова јавна употреба се очекува кон крајот на месец јули.

„Националниот портал е веќе изработен, во соработка на Европската унија. Во момнетот се работи на инсталација на опремата и софтверот на електронскиот регистер на населението и е во финална фаза. Јас верувам дека некаде јуни – јули најкасно затоа што ќе ни треба период за тестирање, ќе може да го промовираме во јавноста на овој портал“, вели Манчевски.

Ричард Малион од Британската амбасада во Скопје, сподели искуство вели дека со дигитализацијата ќе бидат заштедени и време и пари.

„Од моја гледна точка како Британец, д аречеме ако треба да одам на една државна веб страница на која покрива 25 министерства и 385 различни институции, таа страница покажув 360 начини како д аси го водиш својот живот. Регистрација на раѓање, смрт, бенефиции за пасоши и итн. Можам да поставам различни пршања за проблеми и можам да добијам одговор 24 часа на ден, 365 дена годишно“, сподели искуство Малион.

Целта на дигитализирана јавна администрација  е да се оставри една континуирана комуникација помеѓу институциите на јавниот сектор кои ги даваат јавните услуги и граѓаните и граѓанските организации.