Повеќе скопски села и населби утре без струја – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 11:37 AM

Повеќе скопски села и населби утре без струја

Во периодот од 8.30 до 15.30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „31″, „Мирче Мацан” и „Мирче Ацев”, објектите зад отворениот паркинг кај поранешен „Дрво декор”.

Од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат дел од жителите од селото Кучевиште, корисниците од улицата „Серава” бр.69А и корисниците од улиците „Његошева” од бр.2 до бр.20 – парни броеви, „Московска” бр.2, 4 и 6, „Софиска” од бр.2 до бр.16 – парни броеви и „Његошева” од бр.3 до бр.11 – непарни броеви.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од улиците „1″, „2″, „3″, „4″, „5″, „6″ и „7″ во селото Батинци, а од 10:30 до 12:30 часот корисниците од улицата „Апостол Гусларот” бр.40.

Во периодот од 11:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Димитар Мирасчиев” од бр.21 до бр.27, а од 13 до 15.30 часот дел од корисниците од улиците „Маџари” и „Палмиро Тољати”.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.