Џафери на студиска посета во Шкотска – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 7:44 AM

Џафери на студиска посета во Шкотска

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, претседателката на  Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска  и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова се на студиска посета во Единбург, Шкотска.

Студиската посета, како што информира собраниската прес-служба, е организирана од Вестминстер фондацијата за демократија, во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување буџетска парламентарна канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија.

МИА