Шабан Трстена- Волјата е пресудна за спортските успеси – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/19 1:37 PM

Шабан Трстена- Волјата е пресудна за спортските успеси

Некогашниот олимписки шампион во борење Шабан Трстена денеска го посети државното музичко училиште Тодор Скаловски Тетоец. Учениците слушнаа за неговите успеси кој како што рече ги постигнал првенствено поради голем труд и работа.

Спортската легенда Трстена, им порача на учениците дека за да го дотогнеш врвот во секоие поле пресудна е волјата. Тој на 19 години го добил олипмпискот злато благодарени на упорноста. Чекорел по патот до успехот, иако потекнувал од сиромашо семејство, но и мала и сиромашна земја.

Тој беше во посета на државното музичко училиште, по покана на раководството од оваа образовна институција.

Учениците по повод посетата на спортската легенда Трстена во нивното училиште се преставија со неколку музички точки.

Зоран Димовски