Владата се откажа од „мерцедесот“, но се уште е дел од судска постапка – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/19 12:57 PM

Владата се откажа од „мерцедесот“, но се уште е дел од судска постапка

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција потсети дека „мерцедесот“ сѐ уште е дел од судската постапка за „Тенк“ и владата не го користи.

– Мерцедесот е симбол на едно расипништво. Оваа Влада се откажа од него. Премиерот никогаш не го користи тој  мерцедес. Мерцедесот е дел од судска постапка и се додека постапката е активна, мерцедесот ќе остане таму каде што е, во дел од таа судска постапка на СЈО. Во истиот момент кога ќе заврши, кога ќе биде овозможено негово менаџирање во иднина, ќе видиме што ќе се случи. Но, Владата набавува нови возила за Службата на прва помош, рече Бошњаковски,одговарајќи на новинарско прашање.