Западен Балкан: Невработеноста најголема во Косово, а најмала во Србија и во Албанија – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/19 12:15 PM

Западен Балкан: Невработеноста најголема во Косово, а најмала во Србија и во Албанија

Србија и Албанија се двете економии што обезбедуваат најниска стапка на невработеност од околу 12 отсто во земјите од западен Балкан, а Косово, со 29 отсто, има највисока стапка, се наведува во извештајот на Светска банка, а делови од него се пренесуваат во српски медиуми.

Според извештајот, земјите од овој регион во 2018 година регистрирале историско намалување на невработеноста од 16,2 на 15,3 отсто. Најголем пораст на вработеноста има во Албанија и во Црна Гора (3,3 отсто), потоа во Македонија (2,1) Босна и Херцеговина (0,8) и во Србија (0,5 отсто).